Celebrity

Во новите епизоди на „Сексот и градот“ ќе биде вклучена и пандемијата предизвикана од Коронавирусот

Иако сè уште не се познати деталите од сценариото за новата сезона на серијата „Сексот и градот“, главната актерка Сара Џесика Паркер потврди дека во новите епизоди ќе ја прикажат и пандемијата предизвикана од Коронавирусот.

Во интервју за „Vanity Fair“ минатата недела, Паркер истакна дека едвај чека да го види комплетното сценарио за новите десет епизоди од серијата.

„Сценариото е разновидно, епизодите ќе бидат многу возбудливи. Сценаристите долго време размислуваа дали да го вклучат појавувањето на Коронавирусот во приказната, дејството на серијата се одвива во Њујорк, каде пандемијата многу се чувствува“, изјави актерката.

Потсетуваме, во новите епизоди ќе се појават Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Секоја од нив ќе заработува нешто повеќе од милион долари по епизода, што значи дека ќе заработат повеќе од десет милиони долари за целата нова сезона.

Напиши коментар