По прашината што се крена поради наводни пластични операции, Деми Мур го објави своето прво селфи без шминка и предизвика лавина од коментари.
Се чини дека Деми Мур реши да застане на патот на злобните јазици и да покаже дека и на 58 години изгледа феноменално.
После ревијата на брендот Фенди, во која се појави во улога на модел, имаше обвинувања дека претерала со пластичната операција и дека го уништила лицето. Сепак, со оваа фотографија актерката ги демантираше сите и докажа дека изгледа феноменално дури и без трошка шминка.
На лицето нема брчки, па дури и во целосно лежерно издание, таа лесно може да се „појави“ пред милиони луѓе кои ја следат на социјалните мрежи.
Овој пост беше проследен со коментари во кои нејзините обожаватели го пофалија нејзиниот изглед, па не е изненадувачки што оваа фотографија за кратко време собра повеќе од 50 илјади лајкови.