Волнените капи се едни од заштитените знаци на зимата.
И се еден од неизбежните трендови секоја година.
А, тие веројатно се и една од првите асоцијации на овој период од годината.
Без разлика дали е само студено или започнало да вее, капата ја штити главата, а основата на капите е топлиот материјал и удобноста.
Секако, практичната улога на овој зимски додаток не е причина да се занемари естетскиот.
Топлите и меки волнени капи, покрај заштитата од студот, на секоја зимска комбинација ќе и дадат, како интересна текстура, така и последен печат.
Без разлика дали ќе се одлучите за класична црна, ребреста волнена капа или за некој од моделите со помпон, бидете сигурни дека со изборот на волнена капа ќе искомбинирате убаво и корисно и дека, сигурно, капата ќе биде главната sвезда на вашата зимска комбинација.