Денот е поделен на шест временски единици, периоди кои ја диктираат биоенергијата на лицето, како и неговите карактерни црти дадени од часот на неговото раѓање. Според извештаите на медиумите, секој од овие т.н. временските станици, го диктираат човечкиот карактер со оглед на влијанието на планетите.
Од полноќ до 4 часот наутро
Луѓето родени од полноќ до четири часот наутро, ги краси сонувачки дух, голема имагинација и чувствителност. Понекогаш имаат проблем со соочувањето со реалноста и им се верни на своите идеали, кои не ги менуваат уште од детството. Тие често се двоумат помеѓу своите цели, што ги прави немирни. Сакаат да им го пренесуваат знаењето и искуството на другите.
Од 4 часот до 8 часот наутро
Луѓето родени помеѓу четири и осум часот наутро се упорни во сè што прават. Тие се вистински практикувачи и тешко е да ги изненадите – како да се подготвени однапред за сите тешкотии во животот. Тие имаат голема желба да го постигнат она за што сонуваат другите и вложуваат многу труд во тоа. Обично се многу интелигентни, но тоа не им носи голема материјална корист.
Од осум часот наутро до пладне
Луѓето родени помеѓу осум наутро и напладне ги радуваат сите околу нив со своето присуство. Тие се амбициозни и имаат големи шанси да успеат во бизнисот, а во приватниот живот се оптимисти и духовити. Тие сакаат да филозофираат за смислата на животот и меѓучовечките односи, а поседуваат и бројни уметнички таленти.
Од пладне до 16 часот
Жив дух, љубопитна природа и многу енергија најдобро ги опишуваат родените помеѓу пладне и 16 часот. Тие се создадени за да бидат наставници, математичари и одлични говорници. Во меѓучовечките односи, тие се склони кон конфликти, но животот без повремена драма би бил досаден за нив.
Од 16 до 20 часот
Луѓето родени помеѓу 16 и 20 часот се украсени со немирен дух кој постојано ги води во нови предизвици и непознати ситуации. Тие се социјални бунтовници, а нивната енергија е вистински подарок. Сепак, последицата може да биде склоност кон вознемиреност и нервоза. Иако делуваат набрзина, тие скоро секогаш имаат план, затоа нема потреба да се грижат за нивната иднина.
Од 20 часот до полноќ
Луѓето родени помеѓу 20 часот и полноќ се родени лидери, а нивниот доминантен дух брзо освојува. Полни се со самодоверба и тешко е да се разнишаат, а најмногу страдаат ако другите им повредат егото. Тие се специфични по тоа што треба да поминат извесно време во денот сами, со цел да ги соберат своите мисли и да соберат енергија за да се дружат со другите.