Celebrity

Вртоглави суми за убавина и третмани на кожата – Сестрите Кардашијан не штедат кога е во прашање изгледот!

Познатите сестри Кардашијан секогаш изгледаат беспрекорно, имаат интензивна рутина за нега на кожата, која се состои од шминка, третмани на кожата со скапи препарати, неделни вежби со лични тренери… Сето ова несомнено чини многу, особено ако се земе во предвид дека тие сигурно не користат просечни или препарати со слаб квалитет.

Сестрите Кардашијан трошат ненормални суми, а Ким троши најмногу.

Ким Кардашијан (137.000 евра месечно)

Според „The Sun“, Ким е сестрата која троши најмногу пари на нега и убавина. Меѓу нејзините трошоци се наоѓаат 2.100 евра неделно за нејзиниот личен тренер Мелиса Алкантара, со која има сесии шест пати неделно.

За фото-сесии, таа им плаќа 1.600 и 2.100 евра на нејзините фризери и козметичари. Нејзината рутина за нега на кожата вклучува полугодишно чистење на кожата, кое чини приближно 41.600 евра и употреба на моќни производи, што може да чини до 4.100 евра во просек.

Клои Кардашијан (120.200 евра месечно)

Според написот, Клои е втора сестра со најголема желба кога станува збор за убавината. Меѓу нејзините трошоци се наоѓаат и вежби кои чинат 2.000 евра неделно, фризери кои добиваат 1.500 евра на ден, професионални шминкери кои чинат 2.100 евра на ден и рутина за нега на кожата која чини 830 евра месечно.

Кајли Џенер (117.000 евра месечно)

Најмладата од сестрите е вистинска модна икона: млада жена, која речиси секоја недела ја менува својата фризура и бојата на косата, троши во просек 1.500 евра на фризури, а да не зборуваме за употреба на перики, кои чинат во просек 4.100 евра. Нејзината друга страст е неделно патување во салонот, како би се направил маникир и педикир за 75 евра, покрај тоа што ги одржува трепките двапати месечно, а сето тоа чини 145 евра.

Кортни Кардашијан (57.000 евра месечно)

Кога станува збор за убавина, Кортни е малку поскромна од нејзините сестри. Нејзината рутина за нега на кожата е постапка во 9 чекори, која според пишувањата, чини нешто повеќе од 420 евра. Друга постапка што таа ја одржува е употреба на ЛЕД-маски, кои чинат 160 евра.Нејзините лични вежби чинат 2.100 евра неделно.

Кендал Џенер (21.000 евра месечно)

Во споредба со трошоците на нејзините сестри, Кендал троши најмалку на третмани за убавина, сепак имајќи предвид дека е манекенка, природно е дека не троши пари на шминка или фризури. Сепак, бринетата има своја рутина за нега на кожата, нега на коса и тренинзи. Кендал ја одржува нега на кожата со едноставна рутина – го мие лицето два или три пати на ден. За тоа, таа користи сапун вреден 50 евра. За телото, таа користи шестонеделен план кој чини 12.700 евра, а нејзините патувања до фризерот вредат 830 евра.

Напиши коментар