Celebrity

Winx Saga станува серија: Погледнете го првиот трејлер!

Неколку дена пред премиерата пристигна трејлерот за серијата Fate: The Winx Saga.

Претстојната серија го следи патувањето на пет возрасни самовили кои го посетуваат Алфа, волшебното училиште, каде што мора да научат да ги совладаат своите моќи додека се движат низ љубовта, ривалството и чудовиштата што го загрозуваат нивното постоење.

Абигејл Ковен ја игра Блум, а тука се Хана ван дер Вестхујсен како Стела, Пришијус Мустафа како Ајша, Елиот Солт како Тера, Елиша Еплбаум како Мјуза, Сејди Соверал како Беатрикс, Фреди Торп како Ривен, Дени Грифин како Скај, Тео Грем како Дејн и Џејкоб Дадман.

Серијата се базира на истоимениот цртан филм, а ќе биде достапна на Нетфликс од овој петок (22 јануари).

Напиши коментар