Free zone

За косата да ви порасне побрзо: Внимавајте на ова!

Со умерена употреба, ќе забелжите одлични резултати.

Секоја жена посакува да има убава и негувана коса. Сепак, покрај препаратите кои несомнено ќе ви помогнат полесно да ја достигнете целта, вниманието треба да се насочи и кон исхраната.

Диетата во голема мера влијае на изгледот и здравјето на нашата коса, и како што има храна што ѝ штети, така има и таква кои ќе го забрза нејзиниот раст.

Недостаток на протеини, минерали и есенцијални масни киселини може да ја наруши структурата и бојата на косата, но и да го зголеми опаѓањето на косата – велат нутриционистите.

Еве како можете да го стимулирате растот на косата со вашата диета и да и ги обезбедите сите потребни хранливи материи за да ја направите (и да останете) здрава и сјајна:

  • Протеини: јајца, ореви, црвено месо, риба, мешунки, производи од соја
  • Цинк: путер од кикирики, црвено месо, житарици, семиња
  • Железо: тофу, соја, морски плодови, зелен зеленчук, овошје, мешунки, блитва, школки
  • Витамини А и Б: брашно од соја, спанаќ, квасец, моркови, кеale, цели зрна, дињи, млеко, јајца, јогурт, тиква, сладок компир
  • Витамини Ц и Е: боровинки, спанаќ, брокула, лешници, киви, авокадо, портокали, јагоди, гуава, бадеми, црни рибизли, папаја
  • Ниацин: јајца, печурки и ореви
  • Омега-3 масни киселини: риба, семе од лен, чиа и тиква
  • Минерали: говедско, спанаќ, јајца, соја, семки од тиква, цели зрна

Храна и пијалоци кои лошо влијаат на растот на косата:
Алкохол
Брза храна
Бел скроб
Шеќер

Напиши коментар