Во морето на бизарни судски процеси, првенствено оние во САД се приклучи уште една.
Забавниот парк “Evermore” во американската држава Јута покрена тужба против пејачката Тејлор Свифт.
Причината за судскиот спор е фактот што Свифт својот последен албум го нарече “Evermore”.
Паркот тврди дека нивните права биле повредени затоа што тоа е нивна заштитена марка, што довело до забуна дали паркот и албумот се поврзани и дека тоа влијаело на интернет пребарувањето на нивната веб-страница по објавувањето на албумот.
Во основа, сопствениците на паркот имаат ексклузивно право да го користат тоа име и сега од Свифт бараат отштета од над два милиони долари.
Адвокатскиот тим на пејачката одговори дека тужбата нема основа и дека албумот “Evermore” објавен на крајот на минатата година создаде дополнителни можности за маркетинг на овој тематски парк кој, според нив, очигледно е во финансиски проблеми.