Дали е можно да не сме го чуле да зборува толку долго, па да сме заборавиле каков глас има или неговиот глас навистина се променил? Без оглед на сè, сите останаа шокирани кога слушнаа Зејн како зборува.
Единствените моменти кога можеме да ги слушнеме нашите омилени пејачи како зборуваат е на концерти, разни гостувања и интервјуа или кога споделуваат некое видео на нивните социјални мрежи. Зејн сега објави видео, во живо на Инстаграм, во кое зборуваше за својата нова музика. Фановите сакаа да слушнат што тој има да каже за новата песна и еден куп од нив беа шокирани од неговиот глас. Иако можеме да го слушнеме како зборува во различни видеа, микрофонот сепак малку го менува неговиот глас и тука можеше да се слушне како звучи навистина.
Ова сигурно не беше изненадување за најголемите обожаватели, но еден куп други, понови фанови или оние кои не го следат секој негов јавен настап, останаа шокирани. Гласот кога зборува звучи доста поразлично од гласот кога пее. И се чини дека никој не го очекуваше тоа.
Додека некои беа изненадени и од акцентот, повеќето знаат дека Зејн е од Велика Британија и го има тој сладок британски акцент, но она што повеќе луѓе не го очекуваа беше, дефинитивно, тонот на гласот.