After Midnight

Заљубени сте? – Еве што се случува во вашето тело!

Нашето тело знае совршено добро кога нè обзема љубов. Погледнете ги необичните, дури и смешни начини на кои тоа реагира кога сме сериозно заљубени.

Доволна е 1/5 секунда

Иако имало многу спорови и сомнежи во врска со оваа теза, се чини дека љубовта на прв поглед сепак постои.

Срцето го забавува ритамот

Заљубувањето влијае на количината на многу хормони во телото. Последица – има намалување на крвниот притисок и забавување на отчукувањата на срцето.

1 час помалку спиење

Неколку различни студии дојдоа до истите резултати кога станува збор за спиењето и заљубувањето: сите заљубени испитаници вклучени во тие студии, изјавија дека изгубиле барем еден час ноќен сон откако се заљубиле. Според анализата на овие студии, научниците сметаат дека заљубениот човек не може да заспие, затоа што мислите за саканата личност го држат буден.

Стануваме заборавни

Кога сме целосно опседнати со некоја личност или просто кажано, сме заљубени „до уши“, нашиот мозок почнува да ослободува поголеми количини на окситоцин, т.н. хормонот на љубовта. Го интензивира чувството на поврзаност, но од друга страна може да ја ослабне способноста за паметење. Значи, ако сме заљубени, тоа е објаснување за еден вид отсуство на духот и присуство на заборав.

Љубомората излегува на виделина

Тука едноставно се чини дека не постои никаква помош: кога сме заљубени и гледаме некој близок како разговара со друга личност, љубомората едноставно излегува на површина. Една неодамнешна студија спроведена на Универзитетот во Флорида покажа дека љубовта не прави премногу заштитнички настроени кон нашите партнери.

Тонот на гласот станува повисок

Кога жените зборуваат со маж кој ги привлекува, тие често зборуваат со повисок тон од вообичаеното.

Љубовта ги зајакнува коските

Љубовта има и сосема неочекувани ефекти. Имено, научниците открија поврзаност помеѓу паровите кои се во среќен брак и цврстите и здрави коски.

Среќни сме и еуфорични

Ендорфинот е како природен морфиум во нашето тело, а кога сме заљубени, се јавува нејзино зголемено лачење. Ефектот е ист како дејството на хероин или опиум: предизвикува постојано чувство на среќа и еуфорија.

Напиши коментар