Понекогаш мешавините што можете сами да ги направите дома можат да помогнат повеќе од производите што ги користиме секој ден.
Ако сте љубител на маски, постои рецепт за мрсна кожа што можете брзо и лесно да го направите дома.
Потребни ви се три состојки: оризово брашно, зелен чај и лимон. Оризното брашно има груба текстура, па затоа ќе биде одлично како пилинг.
Рецепт:
2 лажици брашно од ориз
1 лажица зелен чај
1 лажица сок од лимон
Измешајте ги сите состојки додека не добиете мазна смеса. Исчистете го лицето, па нанесете ја смесата. Избегнувајте ги очите и устата.
Оставете да делува околу 15 минути или додека не се исуши, а потоа исплакнете со ладна вода.
Можете да го користите третманот до двапати неделно.