After Midnight

Жени магнети: Што е она на кое мажите не можат да му одолеат кога се во прашање овие жени?

Не е лесно да се знае што мислат мажите, бидејќи секоја индивидуа има своја перспектива за животот и за тоа како треба да се одвиваат работите.

Сепак, одредени истражувања покажуваат, барем кога станува збор за понежниот пол, дека мажите ги привлекуваат одредени карактеристики кај жените…

Токму поради овие квалитети мажите сметаат дека жените кои ги имаат oвие карактеристики се неодоливи. Еве за што станува збор.

Пријателство
Повеќето мажи сакаат да можат да зборуваат со својата партнерка буквално за сè, за најголемите проблеми и ситуации кои изгледаат безнадежно за нив и да ги поддржат. Оваа одлика за нив е неодолива, бидејќи тие знаат дека можат безрезервно да и веруваат на таквата жена.

Независност
Независна жена е вистински магнет за мажите. Тука не станува збор за финансиска независност (иако немаат ништо против), туку за жена која знае што сака во животот. Жената која има свои хоби и афинитети и која не е расеана. Мажите секогаш и даваат предност на таквата жена.

Релаксација
Повеќето мажи имаат тенденција да реагираат лошо кога станува збор за притисокот. Тие не сакаат да бидат принудени да прават работи што не сакаат да ги прават. Повиците и СМС-пораките на секои половина час се дефинитивно една од работите што не ги сакаат. Тие сакаат нивната партнерка да биде опуштена и да не ги принудува на ништо.

Еднаквост
Факт е дека повеќето „нормални“ мажи ја почитуваат и веруваат во родовата еднаквост. Ние веќе не живееме во време кога жените мораа да бидат дома и да се грижат за домаќинството и децата.

Жената што мисли дека мажите и жените се еднакви во сè, всушност е вистински магнет. Таквата жена му дава на мажот до знаење дека е космополит, дека е образована и дека нема да трпи неправда.

Напиши коментар