After Midnight

Знаци кои покажуваат дека сте си судени еден на друг

Го знаете она чуство, коешто е толку силно, што прави да ви треперат нозете? Кога се тресете секогаш кога ќе ви се сретнат погледите и кога верувате со целото свое битие, дека тоа е токму она што треба да биде покрај вас до крајот на вашиот живот? Велат дека таква љубов се нарекува вистинска!

Меѓутоа, кога на почетокот на една љубовна приказна се случи нешто толку искрено и големо, вие многу добро знаете дека од време на време се појавува одреден страв, кој ве вознемирува, затоа што се плашите да не ја изгубите личноста со која сте создале визија за иднината.

Вие сте предодредени еден за друг, ако:

Имате безусловна доверба еден во друг

Немате никакви тајни, а од друга страна, се чувствувате безбедно, затоа што му верувате безусловно. Значи, ако сте голи едн пред друг без никакви проблеми, без тајни и премолчени вистини, имате апсолутна доверба и знаете дека што и да се случи во вашата врска, нема простор за осуда и недоверба.

Не чувствувате потреба да го/ја промените

Ја сакате личноста токму онаква каков што е! Совршена за вас и не чувствувате потреба да менувате нешто, бидејќи ако нешто драстично се промени, таа личност веќе не би била истата.

Ве прифаќа во целост

Неверојатно е убаво чувството кога можете да бидете она што сте, без претпазливост и размислување. Не мора да се менувате, ниту другта страна го бара тоа од вас. Вие сте токму она што и треба и таа ве сака такви какви што сте.

Се разбирате и кога молчите

Кога сте среќни покрај некого, дури и во тишина, тоа е навистина вистинска и искрена работа. Додека седите заедно и секој е окупиран со својата работа, уживате во присуството на вашиот партнер, тоа е навистина нешто драгоцено.

Напиши коментар