After Midnight

Знаци кои покажуваат дека вашата врска е токсична – Постојат дури шест!

  1. Љубомората ги премина сите граници
    Љубомората е најнормална работа во секоја врска. Многумина велат дека каде има љубомора, има и љубов. Но, кога љубомората ги преминува границите, кога партнерот веќе нема и не може да има посебен живот, штом сè му пречи, тоа е дефинитивно еден од предупредувачките знаци!
  2. Постојани кавги
    Расправијата е нормална, па дури и здрава. Ова им се случува дури и на најсреќните парови. Сепак, предозирање со кавги може да започне да излегува од контрола.
  3. Не си верувате еден на друг
    Во врските постојат сомнежи, но недовербата е само знак за лоша и токсична врска.
  4. Се натпреварувате апсолутно во сè
    Нормално е, па дури и слатко, партнерите да се натпреваруваат, но понекогаш. Ако премногу се натпреварувате, тоа е знак на претерано чувство дека мора да се биде подобар, дека не ви е важно да се забавувате, туку да си докажувате едни на други.
  5. Се обвинувате
    Овој пример кажува многу. Ако сте постојано виновни … ах, многу работи не се во ред овде!
  6. Апсолутно не ве интересира животот на вашиот партнер
    Ако врската е исправна, најнормално е партнерите да знаат се еден за друг, да споделуваат тајни и други работи меѓу нив. Ако веќе сте за заљубени во таа личност, па, како нема да ве интересира нејзиниот живот?! (Љубомората има свои граници, веќе разговаравме за тоа.)

Напиши коментар