Дерматолозите предупредуваат дека треба да се избегнуваат марамчиња за отстранување шминка, бидејќи тие и предизвикуваат голема штета на кожата на лицето.
Прашајте кој било професионалец за нега на кожата „што е основата на здравјето на кожата и добра рутина за нега на кожата“, одговорот што ќе го добиете е „чистење на лицето“.
Сепак, марамчињата за отстранување шминка не го постигнуваат она што сте го замислиле. Иако може да изгледа како да сте ја отстраниле целата шминка и нечистотија со нив, тоа сепак не се случува.
Зошто марамчињата се погрешен избор?
За да се отстрани целата шминка и нечистотија од лицето, пожелно е да се користи млеко за отстранување на шминка и памук. По користењето на овие традиционални средства за чистење на лицето, следува миење, со што добивате чисто лице, а тоа не е случај со марамчињата.
Оставаат тенок слој на кожата што ја прави леплива и со тоа доведува до затнување на порите и формирање на црни точки.
Најчестото прашање што дерматолозите им ги поставуваат на своите нови пациенти, кои се борат со акни и црни точки на лицето е „што користите за да ја отстраните шминката од лицето“.
Тие се практични, признаваме, се вклопуваат во секоја торба и полесно е нив да ги имате со вас отколку млеко и средства за отстранување шминка. Сепак, вашата кожа ќе ви биде благодарна ако не ги користите. Марамчињата за лице се како таен непријател во светот за нега на кожата; се чини дека прават она што треба, а всушност само ја размачкуваат нечистотијата по целото лице.
Состав на марамчињата
Со цел подобро да го разберете проблемот со марамчињата за отстранување на шминка од лицето, треба да го погледнете нивниот состав.
Тие обично содржат значителен процент на конзерванси за да се спречи растот на бактерии и габи, бидејќи постојано се изложени на воздухот. Конзервансите, од друга страна, се познати по тоа дека предизвикуваат иритација на чувствителната кожа.