Постојат многу причини зошто на девојките им се допаѓаат директни момчиња. Многу е полесно кога нема игри, тие можат да се релаксираат и да бидат она што се.
Исцрпувачки е кога треба постојано да се погодува како некој се чувствува, како и воздржување од покажување на своите вистински чувства. Директните момчиња не предизвикуваат вознемиреност, не ги оставаат девојките да се прашуваат, да погодуваат, да се грижат.
Периодот на запознавање не е стресен и комплициран
Со директните момци, девојките побрзо ќе се опуштат и ќе се забавуваат. Тие знаат што сакаат, и не им е непријатно да го кажат или покажат тоа. ,, Дејтот ” треба да биде забавен, непосреден, а не стресен.
Непосредните момци зрачат со самодоверба
Самодовербата е секси. Директноста и непосредноста покажуваат дека тој е задоволен од себе, дека е подготвен да преземе иницијатива, дека е отворен и доверлив.
Девојките сакат момчиња кои прават планови, даваат предлози, го изразуваат својот интерес.
Со нив нема губење време
,,Директниот ” не „влече“ – ако нешто не го интересира, го најавува тоа, не обидувајќи се да ја задржи девојката „на резерва“.
Ако сака само кратка врска, таа е во позиција да одлучи дали тоа ѝ одговара или не – јасно ѝ е кажано дека нема причина да се градат емотивни кули.
Кога играта е фер, поголеми се шансите никој да не биде повреден.
Покрај нив, девојките се чувствуваат пријатно
Со некој кој е директен, девојките знаат на што се и не мора да се грижат и да измислуват разни изговори, причини и оправдувања.
Ако не разбере нешто, може да праша, бидејќи знае дека ќе добие искрен одговор.
Директен човек има силен карактер
Ако е непосреден, човекот е вистински. Може да му се верува. Тој го кажува она што го мисли, го прави она што вели дека ќе го направи, не го прави она што не му одговара.
Девојката може да се потпре на него, лесно да му верува, бидејќи тој е искрен во своите намери и јасен за тоа што го мотивира во врската. Потребен е силен карактер за јасно изразување на чувствата, а жените сакаат емоционално интелигентни партнери, кои можат да кажат што чувствуваат, што ги плаши, што ги прави среќни.