Free zone

Зошто смеењето е толку заразно?

Истражувањата на научниците од САД ја објаснуваат моќта на насмевката, но и механизмите на појавувањ емпатија. Зошто насмевката е „заразна“?

За да разбереме дека некој е среќен, несвесно го имитираме изразот на лицето, евоцирајќи спомени од сопствената радост. Ова е резултат на новото истражување на Универзитетот во Висконсин – емпатијата доаѓа преку несвесна фацијална мимикрија.

Пола Нидентал и Едриен Вуд, психолози од Висконсин кои го водеа ова истражување, велат дека оваа постапка се случува во секоја ситуација во која има „читање“ на туѓото лице.

После таквото читање, ние многу суптилно и несвесно го „испробуваме“ истиот тој израз, а разбирањето на емоционалното значење доаѓа во рок од десетина секунди.

Ова исто така ја објаснува „заразноста“ на смеењето, освен што според Нидентал и Вуд, смеењето е заразно, бидејќи секого го потсетува на нешто што нему му е духовито!

Проблемите се јавуваат ако се намали способноста за имитирање или ако перцепцијата на туѓите лица е тешка. Нидентал и Вуд откриле дека разни феномени што го отежнуваат изразот на лицето, како што се парализа на лицето или оштетување на нервите поради пластична хирургија, исто така, предизвикуваат проблеми со емпатијата.

Луѓето со аутизам имаат поинаков проблем – најчесто е поради недостаток на контакт со очите. Сепак, како што вели Нидентал, ако биде внимателно предизвикан, резултатот може да биде „спонтана или автоматска мимикрија на лицето“.

Ако некој имал еден од овие проблеми во текот на целиот свој живот, како што е лице со вродена парализа, тогаш е потешко да се забележи намалената способност за сочувство – ако е воопшто намалена. Претпоставка на овие двајца научници е дека во вакви случаи се развива алтернативен (компензаторски) систем на перцепција на емоциите и емпатијата.

Темата имитација како алатка за разбирање на светот околу нас веќе некое време е тема на истражување низ когнитивните науки. Еден од главните извори на популарност на оваа тема е откривањето на т.н. огледални неврони, неврони кои се активираат на ист начин, без оглед на тоа дали релевантната активност се врши или само се набљудува.

Напиши коментар