After Midnight

Зошто спротивностите се привлекуваат?

Изреката „Спротивностите се привлекуваат“ е општо позната, но досега никој не даде конкретен одговор зошто е тоа така.

Ако пораснавте со цртаните филмови на Дизни, тогаш е разбирливо дека и вие го прифаќате овој факт. Убавицата и Ѕверот, Пепелашка, па дури и Малата сирена, се всушност само некои од примерите што ја поттикнуваат идејата дека идеален партнер е некој што има спротивни квалитети во однос на нас.

Би било многу поедноставно и многу помалку неизвесно ако не привлекуваат луѓе кои се слични на нас.

Сепак, разгледајте ја можноста дека токму овие разлики, кои понекогаш изгледаат „проблематични“, всушност можат да бидат клучните елементи кои даваат „зачин“ и страст на вашата врска.

Врските со луѓе, кои се сосема спротивни од нас, може да бидат токму она што ни треба, со цел да почувствуваме авантура, слобода, ризик, предизвик и интензитет. Можеби ви се чини дека овие работи ја исклучуваат љубовта и безбедноста, но всушност коегзистираат едни со други и во тој процес создаваат „напнатост на спротивностите“ што е основен фактор за страст во врската.

Иако безбедноста, блискоста и удобноста се над сите квалитети кои ги карактеризираат исполнетите односи, без рамнотежа со возбуда, страст, авантура, ризик, па дури и одреден степен на раздвојување, безбедноста станува здодевна, зависноста се претвора во рамнодушност, блискоста преоѓа во клаустрофобија. Во тој момент не изгледа дека вашата врска пружа удобност, туку ви се чини дека сте во магичен круг, во кој дури и емотивно стагнирате.

Динамиката на врската само произлегува од разликите, кои не привлекуваат едни кон други.

Посветеноста на непречена хармонија и мир може да прерасне во закана за интегритетот на успешната врска. Создавањето рамнотежа помеѓу сличностите и разликите на две лица, подразбира можност за одржување напнатост, одење по работ, но така, што нема да прејдете ниту на едната ниту на другата страна.

Многу луѓе мислат дека сакаат некој како нив, но дали можете да замислите дека сте во врска со личност која е потполно иста како вас?

Луѓето сосема различни од вас, ќе ја разбудат желбата за пребарување, ќе ве мотивираат да се развивате и целосно ќе ве надополнуваат, како да се тие вашето изгубено парче од сложувалката.

Врската на двајца различни луѓе е одлична лекција за прифаќање. Ги прифаќате разликите што стојат помеѓу вас, учите да се сакате и да се надминете себеси.

Напиши коментар