Celebrity

Блејк Лајвли привлече внимание со интересен моден додаток: Носеше „пица“ чанта вредна 6000 долари

Блејк Лајвли го промовираше својот филм „Another Simple Favor“, а во таа прилика се одлучи за елегантен аутфит со необична чанта во форма на пица триаголник, која го привлече вниманието на следбениците.

Таа позираше со колегите Лоренцо де Моро и Микеле Мороне кои глумат во истиот филм. За таа прилика Лајвли облече црн елек и црни панталони, а најголемо внимание привлече нејзината чанта во форма на пица триаголник.

Имено, станува збор за чанта од брендот „Џудит Леибер“, која се продава за околу 5.700 долари, но моментално е распродадена. Многу следбеници веруваат дека и нејзината чанта е симболично поврзана со филмот кој се случува во Италија.

Ова не е прв пат Лајвли да носи модни додатоци од брендот „Џудит Лејбер“. Таа беше забележана на претходната премиера на филмот со чанта во форма на мартини од 6.000 долари, оддавајќи почит на нејзиниот лик Емили Нелсон и нејзиниот омилен пијалок.

Лајвли претходно присуствуваше на проекцијата на филмот во Њујорк со нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Во таа прилика таа облече корсет фустан со исечоци, но многумина забележаа детал кој беше опишан како одвратен на социјалните мрежи.

На фотографиите од премиерата на филмот „Another Simple Favor“ можеше да се забележи Блејк со дамки под пазувите, кои се портокалови траги од спреј за самопотемнување.

Write A Comment