Партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез го привлече вниманието на многу корисници на социјалните мрежи откако позираше во шорцеви и ги истакна своите облини.
Иако трендот „без панталони“ изгледаше како да излезе од мода, се чини дека се враќа на големо. Многу познати дами претходно се појавија во слично издание, меѓу кои Бела Хадид, Кортни Кардашијан и Кендал Џенер.
Родригез го комплетираше изгледот со јакна, очила за сонце, шпиц и чанта. Таа позираше на Тајмс Сквер, а во описот на фотографијата изјави: „Го сакам NY“.
„Најубавата жена“, „Изгледаш совршено“, „Џорџина со своите комбинации го освои Њујорк“, се дел од коментарите на нејзиниот Инстаграм профил.
Таа е во врска со Роналдо од 2016. Се запознале во бутик на Гучи во Мадрид, каде таа работела како продавач. Фудбалерот неодамна во својата емисија „Сој Џорџина“ објасни зошто се уште не ја запросил.
„Секогаш и велам, кога ќе го почувствувам тој „клик“. Како и сè друго во нашиот живот, таа знае за што зборувам. Тоа може да биде за една година, може за шест месеци, може да биде за еден месец. Јас сум илјада проценти сигурен дека тоа ќе се случи“, рече тој.