ОВЕН (21 март – 20 април)
Аспектите на Месечината со вашиот владетел Марс ве прават нетрпеливи за што поскоро да започнете со работа, во која ја имате поддршката од претпоставените и од луѓето на позиција. Можност за брзо зголемување на приходите. Романтична средба со зафатена личност.
БИК (21 април – 21 мај)
Хармоничниот аспект на Месечината со Марс, владетелот на партнерските односи, ја олеснува нарушената комуникација со партнерот. Личноста што ја запознавте преку пријател сака да ви покаже како се чувствува за вас. Подложност на повреди.
БЛИЗНАЦИ (22. 5 – 21. 6)
Месечината, владетелот на вашиот деловен и љубовен живот, прави напнат аспект со вашиот владетел Меркур, кој предупредува на конфликти со љубовниот партнер. Дискусија со жени. Склони сте кон погрешни заклучоци. Слушајте го советот на Лaв.
РАК (22 јуни – 22 јули)
Вашиот владетел, Месечината, му прави напнат аспект на Сонцето, владетелот на вашата работа, што ви носи конфликти и расправии со претпоставените и помладите членови на семејството. Повик за акција доаѓа од Шкорпија. Подложност на повреди во домот.
ЛАВ (23 јули – 22 август)
Месечината, која владее со вашата потсвест, прави напнат аспект со вашиот владетел Сонцето, правејќи ве склони кон субјективни судови и нагласувајќи ја потребата од претерување во изразувањето на емоциите. Зголемување на приходите преку медиуми, ИТ, маркетинг.
ДЕВИЦА (23. 8 – 22. 9)
Аспектот помеѓу Месечината и вашиот владетел Меркур, планетата на комуникацијата, ве прави склони кон донесување погрешни одлуки и негативно влијае на вашата врска со емотивен или деловен партнер. Избегнувајте ризични финансиски потези.
ВАГА (23. 9 – 22. 10)
Поради предизвикувачките аспекти на Месечината и Уран во куќата на финансиите, избегнувајте ризични финансиски потези. Можно кратко патување. Љубовниот партнер се обидува да ви ги наметне своите ставови во врска со некоја заедничка одлука. Подложност на повреди.
ШКОРПИЈА (23. 10 – 22. 11)
Аспектот на Месечината со вашиот владетел Марс ве охрабрува да преземете акција, носејќи ви поддршка од претпоставените или луѓето на авторитетни позиции. Избегнувајте расправии. Може да се открие тајна романса со Риба. Бидете внимателни во сообраќајот.
СТРЕЛЕЦ (23.11 – 21. 12)
Секстилот на Месечината и Марс носи успех и пари преку кратки патувања, контакти со странци, зделки за недвижнини и градежни работи. Расправијата со помлад член од семејството не води до решение на проблемот. Главоболка.
ЈАРЕЦ (22.12 – 20.1)
Со напнат аспект на Месечината и вашиот владетел Сатурн, во вечерните часови некој може да се обиде да го спречи остварувањето на вашите планови. Романса со личност која пристигнува од долго патување. Саканата личност ве поддржува во одлуката. Бидете внимателни во сообраќајот.
ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари)
Напнатиот аспект на Месечината и вашиот владетел Уран предупредува на конфликти со членовите на семејството и вашиот емотивен партнер. Внимавајте да не бидете измамени. Помлад член на семејството има тенденција да ја преувеличува ситуацијата. Чувствителна кожа.
РИБИ (20. 2 – 20. 3)
Аспектот на Марс во куќата на работа и Месечината ве забрзува во завршувањето на обврските и задачите на работа. Внимавајте што зборувате ако сте во јавност преку работа. Покажете повеќе разбирање за потребите на вашиот партнер. Несоница.