Веб-страницата Worlds 50 Best Beaches објави листа на најдобрите плажи во 2025 година. Првaта на листата се наоѓа на прекрасниот италијански остров Сардинија.
Кала Голорице е прогласена за најдобра плажа во светот за 2025 година. Се состои од ситни бели камчиња и песок, а се наоѓа во градот Баунеи, во јужниот дел на заливот Оросеи. Велат и дека тоа е најубавата италијанска плажа.
Се издвојува и по својот врв висок 143 метри кој се издига над заливот, нудејќи прекрасен поглед на околината и тиркизното море.
Cala Goloritze е повеќе од обична плажа – нејзината сирова убавина ќе ве допре емотивно во моментот кога ќе ја видите. Оваа сцена ќе ви го одземе здивот, без разлика дали ја гледате од гледна точка или стоите на брегот со нозете во морето, се вели на веб-страницата Worlds 50 Best Beaches.
Прогласена е за споменик на природата во 1990-тите. Заштитено е и престојот таму бара посебни правила.
На само 250 луѓе им е дозволен влез дневно, билетите чинат околу 7 евра, а мора да се резервира онлајн однапред. Тука нема изградена инфраструктура – нема кафулиња или ресторани. Мора да носите храна и пијалоци со себе и не заборавајте да го однесете секое ѓубре што ќе го создадете.
До него можете да стигнете само на два начина: со брод или пеш преку доста тежок терен, што трае околу 90 минути.
Оваа плажа на Сардинија можете да ја посетите од март до ноември, а најголем интерес за неа, логично, има од крајот на јуни до август. Имајте на ум дека летните температури овде се многу високи, па затоа е најдобро да стигнете таму рано наутро.
Како изгледа плажата Кала Голорице на Сардинија погледнете во фотогалеријата. Во продолжение дознајте кои други плажи се на листата на најдобри во 2025 година на порталот Worlds 50 Best Beaches.