Американската манекенка Џулија Фокс привлече внимание со својот необичен изглед на доделувањето на наградите Fashion Trust U.S. Awards кои се одржаа во Лос Анџелес.
Таа за оваа пригода избра храбра сценска шминка. Таа во ова издание многумина потсети на некоја бизарна кукла или кловн. Носеше и голема капа, перика, долг фустан украсен со цветни мотиви и потпетици на платформа.
Julia Fox attends the Fashion Trust U.S. Awards pic.twitter.com/ZWQU31RvoA
— Favs Pop Culture (@favspopculture) April 9, 2025
Споменатиот моден настан се одржува од 2022 година, а целта е да промовира млади дизајнери од САД. Покрај Фокс, на наградите присуствуваа и многу други познати личности, меѓу кои Лиза Рина, Лори Харви и Зои Дешанел.
Фокс долго време привлекува внимание со својот смел изглед. Минатиот месец таа на забавата Vanity Fair организирана по Оскарите се појави во потполно проѕирен аутфит, а интимните делови ги покри со вештачки прамени коса.
Оваа манекенка се прослави во 2022 година, кога беше во врска со Канје Вест. Таа во неколку наврати изјави дека оваа врска ја смета за голема грешка.