Free zone

Овие зборови во комуникацијата со ChatGPT чинат десетици милиони долари

Дали велите „ве молам“ или „благодарам“ откако ChatGPT ќе ја заврши задачата што сте му ја дале? Ако одговорот е да, вие припаѓате на група корисници кои, според некои проценки, го чинат OpenAI десетици милиони долари годишно – само во трошоци за електрична енергија.

Имено, секоја интеракција со вештачката интелигенција троши одредена количина на енергија, дури и да е само еден збор, пренесува TechRadar.

Зад ChatGPT и слични алатки се кријат огромни сервери кои трошат значителни количини енергија со секоја корисничка порака. Така, иако вештачката интелигенција стана дел од секојдневниот живот, малкумина размислуваат за фактот дека дури и генерирањето меме или испраќањето една порака може да има влијание врз животната средина.

Значи, дали треба да престанеме да бидеме добри со чет-ботови за да заштедиме енергија? Парадоксално – можеби сосема спротивното.

Имено, пристојните и јасно формулирани прашања честопати водат до попрецизни и покорисни одговори. Таквиот пристап не само што може да го подобри квалитетот на разговорот, туку во одредени ситуации дури и да ја намали пристрасноста на одговорите. Во оваа смисла, љубезноста станува важна алатка за посигурна употреба на вештачката интелигенција.

Како што се развива вештачката интелигенција, се поставува и прашањето дали учтивоста на корисниците ќе влијае на тоа како моделите реагираат. Дали еден ден системите ќе бидат обучени да „наградуваат“ повеќе почитувани корисници?

И така доаѓаме до дилемата, иако љубезноста кон вештачката интелигенција можеби не е енергетски најефикасна, таа многу добро може да ви донесе подобро корисничко искуство. Но, прашањето останува отворено – дали вреди во контекст на еколошкиот отпечаток?

Затоа, решението е едноставно: во задачата што му ја давате на четботот, веднаш на крајот од истиот, однапред оставете „благодарам“ и „те молам“. На тој начин не трошите дополнителна енергија за да комуницирате.

Write A Comment