Американската актерка Памела Андерсон се појави на Мет Гала во Њујорк во облека која многумина ги потсети на Јованка Орлеанка. Имено, таа покажа нова фризура.
Долгата коса ја замени со боб со шишки. Како што е познато, таа долго време не носи шминка, па така беше и овој пат. Таа носеше фустан со светки дизајниран од Тори Бурч.
Изгледот го комплетираше со украс за уши. Таа расположена им позираше на присутните фоторепортери.
На настанот присуствуваше и нејзиниот син Брендон Томас Ли, кој за оваа пригода избра класичен костум со машна.
Покрај Брендон, Памела има уште еден син со поранешниот сопруг Томи Ли – Дилан Џегер Ли. Овој пар беше во брак од 1995 до 1998 година.
Мет Гала се одржа во Музејот на уметност Метрополитен и собра многу други познати личности, меѓу кои Дуа Липа, Сиднеј Свини, Ким Кардашијан и Сабрина Карпентер.
Поединечна карта за Мет Гала чини 75.000 долари, а почетната цена за резервација на маса за повеќе гости е 350.000 долари. Мет Гала собира средства за Музејот на уметност Метрополитен. Годинава се собрани дури 31 милион долари, што е најголема сума во 77-годишната историја на овој настан.