Free zone

Трикови за совршено нанесување на МАСКАРА кои секоја жена мора да ги знае

Нанесувањето маскара само по себе изгледа како здодевна и добро воспоставена рутина, така што навистина не треба да има некоја голема мудрост и филозофија – неколку движења со четка нагоре, надолу и готово, нели? Па, се чини дека на ова прашање не може да се одговори потврдно, сепак со вас споделуваме како да дибиете совршено дефинирани трепки.

  1. Што и да правите, секогаш бидете сигурни дека имате свежо пакување маскара во вашиот комплет. Клучот за примена на совршена шминка е да знаете кога да се ослободите од старите козметички производи, односно да ги исклучите од употреба на време.

Значи, ќе треба да ја менувате маскарата околу секои три месеци, пред да ѝ дадете шанса да се исуши. Ако забележите дека маскарата стана густа, леплива и речиси неупотреблива – додадете капка, две обични или уште подобро вода од роза за малку да ја навлажнете четката, а потоа купите нова што е можно побрзо.

2. Девојките со помали очи треба да користат маскари чии четки имаат помала површина и би било идеално доколку се „потенки“ со цел полесно да постигнат подобра дефиниција и ефект на дополнително издолжување. Дебелите четки, од друга страна, се одлични за постигнување побрзо задебелување, но и густина.

3. При нанесување на маскара треба да се внимава секое влакно да дојде до израз, затоа користете прецизни движења, со цел да се избегне формирање грутки, кои се и најголем непријател на добриот изглед. Четката никогаш не треба да се пумпа нагоре / надолу низ цевката, но доволно е само мало навивање по должината на внатрешниот раб на пакувањето за да се собере доволно маскара, која потоа нежно ќе ја нанесеме на трепките.

4 Aко случајно создадете грутки – не правете чекор назад, туку почекајте да се исуши маскарата и да ги одделите залепените влакна со чиста четка за заби или чешел. Уште еден одличен совет што секогаш треба да го имате во предвид е секогаш да ги навиткате трепките пред да ставите маскара, а не после тоа, бидејќи ако имате навика да направите нешто такво на крајот од шминкањето – ризикувате да се замачкате со маскара, да намачкате боја на очните капаци, но и да ги прекршите трепките.

Напиши коментар