Celebrity

НА 52 ГОДИНИ / Почина Оливер „Пауер“ Грант, еден од основачите на најпознатата хип-хоп група

Оливер „Пауер“ Грант, ко-основач на легендарниот хип-хоп колектив Ву-Танг Клан, почина на 52-годишна возраст.

Почит кон легендарниот иницијатор на хип-хоп колективот, познат по хитот „Protect Ya Neck“, почнаа да се шират веднаш по веста за неговата смрт.

Популарниот музички и културен сајт Okayplayer ја објави веста со трогателна порака.

„Со тага ја објавуваме смртта на Оливер „Пауер“ Грант, визионерски претприемач и коосновач на легендарниот клан Ву-Танг. Како движечка сила зад едно од највлијателните движења во хип-хопот, Пауер помогна во изградбата на глобално наследство засновано на независност, сопственост и култура. Неговата верба во креативна контрола и јакнење на заедницата помогна во обликувањето не само на една група, туку на цела династија што ја промени музиката засекогаш. Неговото влијание ќе живее преку културата што помогна да се воздигне и безбројните животи што ги инспирираше. Нашето најдлабоко сочувство им упатуваме на неговото семејство, пријатели и обожаватели. Почивај во мир.“

Причината за смртта сè уште не е објавена.

Грант е роден во Јамајка и се преселил во Њујорк на млада возраст за да го оствари својот сон да работи во музичката индустрија.

Write A Comment