Никој не веруваше дека актерот ќе се смири.
Познатиот холивудски актер Харисон Форд има 83 години, а зад себе има речиси шест децении успешна кариера и бурен љубовен живот кој често беше тема на таблоидите. Иако неговата глума и талент му донесоа светска слава, Харисон Форд никогаш не сакал да биде познат. Како што самиот признал – сакал само да биде актер.
Љубовен живот во центарот на вниманието на медиумите
Покрај неговиот филмски успех, љубовниот живот на Форд често бил во центарот на вниманието на медиумите, бидејќи имал бројни љубовни врски. Првпат се оженил кога имал само 22 години. Мери била негова љубов од средно училиште, а во бракот имале два сина. Сепак, се развеле во 1979 година, по неговиот подем во „Војна на ѕвездите“.
Причината беше љубовната врска на Форд со неговата колешка Кери Фишер, која долго време се обидуваше да ја чува во тајност. Во 2016 година, Кери призна дека имале врска за време на снимањето на филмот, но дека емоциите биле еднострани – таа била заљубена, но Харисон Форд не.

Неговиот втор брак следеше во 1983 година, со сценаристката Мелиса Матисон, со која има син и ќерка. Иако живееја приватен живот, бракот заврши во 2004 година, а нивниот развод беше еден од најскапите во Холивуд во тоа време. Мелиса доби 85 милиони долари и дел од профитот од филмот за Индијана Џонс.
Харисон Форд повторно пронајде вистински мир и среќа со својата колешка Калиста Флокхарт. Актерката е 22 години помлада од него и е позната по улогата во серијата „Али МекБил“.
Тие се запознаа во 2002 година на доделувањето на наградите „Златен глобус“ и покрај големата разлика во години, брзо започнаа врска. Форд подоцна го посвои нејзиниот син Лиам. Се свршија во 2009 година, а една година подоцна се венчаа.
„Вљубен сум. Љубовта е можна во секој момент од животот. Не бев изненаден што ја најдов“, рече Форд за својата врска со Калиста. По повеќе од дваесет години брак, нивната љубов сè уште трае – мирна, стабилна и далеку од холивудските афери што ги обележаа раните години од неговата кариера.
