Деновиве го посветивме нашето внимание целосно на празничниот стајлинг и веруваме дека е сосема доволно. Сега повторно да се навратиме на основните сезонски трендови и на она што најмногу сакаме да го правиме, а тоа е да ви понудиме одлични идеи за тоа како да ги искомбинирате парчињата гардероба за да бидете во тренд. Денес ќе разгледаме кежуал зимски комбинации кои се дел од урбаниот модерен стајлинг.

























































