Мајкл Џексон тајно напишал автобиографија во последните години од својот живот. Џексон напишал некаде околу 600 страници посветени на најтешките моменти од неговиот живот односно почнувајќи од 80-те години па некаде до 2007-та година.
Текстот говори многу за проблемите и бизниз зделките и открива дека тој е биолошкиот татко на Принс и Парис.
Во автобиографијата се зборува и на темата за наводното сексуално злоупотребување на деца, објаснувајќи колку го погодило сето тоа и колку лошо се чувствувал низ тој период.
Еден од клучните аспекти е големото разочарување од страна на неговото семејство, за кои вели дека се интересирале само за неговите пари и завидувале на неговата слава.
Единствената кон која не упатува „отровни“ критики е неговата мајка Катрин.

