Да поседуваме Ferrari F12 Berlinett, веројатно нема да ни падне на памет да го модифицираме, на било кој начин…
DMC го опреми овој автомобил со карбонски боди кит, кој се состои од поголем преден подбраник.
Моторот од 6,3л V12, не е модифициран, но има повеќе снага, благодарејќи на титаниумските издувни системи, кои му додаваат 24кс, за вкупните 754кс. Секако, како кај поголемиот број на вакви тунинг проекти, доколку доплатите DMC е спремен оваа снага да ја зголеми и дополнително, како и за модификација на самиот мотор.






