Иако кај мажите чувството на сопственост е многу силно, излегува дека тие се потолерантни кон неверството на своите партнерки. За нив исто така тоа е исклучително болно, но нивната љубов преовладува над тоа чувство.
Или барем така покажува анкетата спроведена во Англија во која учествувале 1500 мажи. 71% од нив признале дека би простиле неверство во името на нивната врска, семејство и љубов. Иако голем дел од нив нагласуваат дека и тие самите не се светци.
Само 7.9% од мажите нагласуваат дека не само што не би простиле неверство, туку би си заминале истиот момент.
