Мојата кујна

Домашен сладолед од ванила

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца

100 гр. шеќер

180 мл. Млеко

250 мл. слатка павлака

2 стапчиња ванила (или 2 ќесички ванилин шеќер)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Јајцата и млекото се матат со миксер.
2. Се додава шеќерот и ванила стапчето и се загрева смесата на тивок оган со постојано мешање со жица додека не се згусне (околу 10 мин.)
3. Се оладува смесата и потоа се додава течната слатка павлака и другото стапче ванила или ванилин шеќер и се заедно се мати додека смесата не стане кремаста.
4. Се префрла во апарат за сладолед и се остава да работи негде околу 25 мин.додека смесата не се згусне или пак ако немаме апарат за сладолед тогаш добро се изматува со миксер и се става во пласичен сад па во замрзнувач.
5. По желба во сладоледот може да се додадат и (бадеми,лешници,чоколадо) .

Write A Comment