Ако порано било важно жената да биде невина до првата брачна ноќ и цел живот да биде сопруга и мајка за пример, работите сега се сосема, сосема различни. Вредностите се убаво нешто, само што времињата сега се менуваат, а се менуваме и ние. Занчи доколку сакаш да си среќна и успешна современа жена, види ги “правилата” кои треба да ги следиш.
Нема ништо лошо во тоа да имаш 22, 32 или дури 42 и да не знаеш што сакаш да станеш кога ќе пораснеш.
Научи се сама да ги заработуваш парите. Само така ќе можеш да ги потрошиш онака како што сметаш дека е подобро и нема да ја изгубиш својата независност.
Никогаш не си го троши времето со мажи кои: зборуваат премногу, а не прават апсолутно ништо, се премногу зависни од родителите, прават да се чувствуваш неценето, остваруваат емоционално или физичко насилство врз тебе.
Не секогаш ќе бидеш разбрана, поддржана или ценета. Но тоа не треба да е причина да се откажеш!
Држи се настрана од луѓето кои постојано се натпреваруваат со тебе или те критикуваат. Биди со оние кои навистина ти мислат добро и се радуваат на твоите успеси.
Каков избор и да направиш, не се срами! Тој секогаш ќе те научи на нешто корисно.
Храбро бакни ја жабата на патот. Само така ќе го најдеш принцот.
Не дозволувај да живееш во минатото. Тоа никогаш нема да се врати, а ти губиш драгоцено време!
Пријателките не се она што беа. Биди подготвене на предавства и разочарувања.
Живеј го животот заради тебе самата! Не заради твоите родители, партнерот, твоите пријатели па дури и твоите деца.
Луѓето секогаш ќе зборуваат! Затоа прави ги работите онака како што ти ги чувствуваш, без да го слушаш многу туѓотот мислење.
Единствениот маж за кого вреди да жртвуваш се, е твојот син!
