Неколку активности кои не бараат многу време ќе ви го подобрат расположението и ќе ви дадат енергија. А сè што треба да направите е следново:
Активирајте се
Кога ги правите досадните работи бидете во движење, на пример доколку имате некој досаден телефонски разговор за да не се оптеретувате премногу со него движете се додека разговарате, тоа ќе ве опушти и барем психолошки ќе си делувате така што ќе мислите дека траел пократко.
Вдишете свеж воздух
Кога имате премногу работа, дајте си 10 минути и излезете да прошетате на свеж воздух. Тоа ќе ви ги разбистри мислите и паниката која ја имавте кога седнавте на работното место ќе исчезне.
Ослободете се од стерсот и досадата
Доколку со денови ве мачи некоја обврска која ви е досадна, направете ја што поскоро. Ќе почувствувате олеснување, како да сте симнале товар од вратот.
Насмејте се
Истражувањата докажаа дека насмевката дава елан за сè. Се е поинаку кога има позитивна енергија.
Научете нешто ново
Одвојте неколку минути за себе. Проучете нешто што вас ве инетресира. Кога учите нешто ново, кога се надградувате полесно ги превземате обврските затоа што имате повеќе самодоверба.
