ШоуБиз

Гага ќе отвара дом за сираци! Секоја чест!

Пејачката Лејди Гага го искористи престојот на Индија за да посети две сиропиталишта. Пејачката изразила желба дека сака да учествува во хуманитарни акции и да им помогне на тамошните деца, особено сега, кога може да си го приушти тоа.

Популарната Гага настапи во Њу Делхи по повод забавата за индиската Гран При награда, а покрај тоа успеа да посети и два домови за деца без родители во истиот град. Лејди Гага изјавила дека сака да отвори сопствена фондација за деца и сакала да ја искористи оваа прилика за од блиску да се запознае со работата на сиропиталиштата. При посетата им одржала и час по пеење на децата.

Гага вели дека е свесна оти ова не е мала задача, но спремна е за својата идеја да потроши и пари и време. Секоја чест, Гага! Само напред!

А еве и дел од нејзиниот настап во Њу Делхи:

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=06cyiI2hILo

Write A Comment