Организаторите на изборот за Мис на светот потврдиле дека оваа година натпреварувачките нема да се појават пред жирито во костими за капење со цел да не се “навредат жителите на земјата домаќин, Индонезија”.
“Не сакаме никого да навредиме или да се доведеме во ситуација со која ќе покажеме непочитување”, изјавила Julia Morley, председател на Организацијата за избор на Мис на светот.
