Art & Crafts

Како да се одстрани лошата карма?

Ако мислите дека кармата ви е лоша и сакате да превземете мерки, имаме многу соодветни совети за вас. Овие насоки се погодни за апсолутно секој човек.

–          Не барајте одмазда! Оној кој ве повредил, ќе ја добие заслужената казна. Но не од вас!

–          Расмислувајте внимателно за своите постапки! Ако со нив ќе повредите други луѓе, подобро не ги правете.

–          Помагајте им на другите без да чекате молби и подсетници. Добрините направени под принуда, не ја прават кармата подобра ниту вас подобар човек.

–          Носете одговорност за своите акции, не ја префрлувајте на други луѓе.

–          Правете најмалку по едно добро дело на ден.

–          Не им посакувајте лошо на другите! Дури и на оние кои мислите дека го заслужуваат. Таа негативна енергија ќе ви се врати со двојна сила.

–          Не бидете себични.  Грижете се за послабите, наместо да ги прекорувате дека не се силни како вас.

–          Извинете им се на оние кои сте ги повредиле. Во тоа нема ништо срамно.

–          Правете ги работите од срце, не од разум.

Write A Comment