Холивудските ѕвезди не пропуштаат ниедна прилика да се појават на некоја од многубројните забави кои се приредуваат по повод Ноќта на вештерките, а со тоа покажуваат колку се креативни и оригинални кога станува збор за маскирањето.
Некои од познатите актери се одлучиле за класични костими на јунаци од бајките или пак, на акционите јунаци. Други одбрале доста необични комбинации.
На пример, Гвен Стефани се појави како Пепелашка, а некои посакаа да видат како е во кожата на другите познати ѕвезди, па Никол Ричи се маскирала во Џенифер Лопез, а Џенифер Лав Хјуит во Анџелина Џоли.
Еве погледнете како изгледаше маскембалот и кој колку бил оригинален:











