Еден месец пред терминот, америчката старлета Ким Кардашијан го роди своето прво дете. Таа во болницата на Беверли Хилс родила ќерка која се наоѓа во инкубатор.
Нејзиниот термин за породување требало да биде 11. јуни, а старлетата планирала да се породи со царски рез, меѓутоа поради инфекција, таа е предвреме примена во болница.
