Островската држава Барбадос ја краси егзотична природа, прекрасни плажи и богата историја…
Главниот град на Барбадос е Бриџтаун, порано познат како Сент Мајкл. Сите плажи во Бриџтаун се јавни, а карактеристични се по бојата на песокот, која може да биде и најчисто бела, но и со розови нијанси. На западната страна на островот водата е мирна и исклучително пријатна за капење. Тука се наоѓаат плажите како што се: Brandon, Batts Rock,Paradise, Folkstone, Sandy Lane, и тука вистински можете да уживате во сите водени спортови.
Барбадос е во секој поглед идеално рајско место на кое во потполност можете да се препуштите на егзотичната природа на овој волшебен остров.






