Севедоци сме дека во денешно време постојат многу прекрасни примери за неверојатни дизајни. Сепак, еве една модерна куќа во Израел која ќе ви го запре здивот. Таа импресионира со совршен архитектонски план, стилски ентериер и елегантна употреба на стакло и метал. Едноставно ќе неможете да одолеете на нејзиниот шарм.
Дизајнерот Маја Розенберг се одлучила да користи стакло во форма на огромни прозорци за да ја поврзе внатрешноста со градината, базенот и внатрешниот двор. Огромниот зид направен од алуминиум, создава чувство на приватност, но исто така придонесува и за убавината на куќата. Внатрешноста на домот е исклучително функционална, а добро избраното осветлување ги насочува погледите кон најубавите елементи на декорот.







