Потребни состојки:
- 500мл слатка павлака
- 2мл екстракт од ванила
- 1 кесичка бел желатин
- 150гр шеќер во прав
- 100 мл вода
- 200гр малини (свежи или замрзнати)
Начин на подготовка:
Желатинот го потопуваме во малку ладна вода да набабри. Слатката павлака ја ставаме во тенџере и и додаваме арома од ванила. На благ оган, оставаме павлаката полека да зоврие, па вариме уште 15мин. Потоа го тргаме лонецот од оганот. Во павлаката го додаваме растопениот желатин и мешаме се додека не се растопи рамномерно. Прелеваме во 4 еднакви здели(измиени со вода), ги ладиме 3-4 часа за да се стврднат. На благ оган, во 100мл. вода , со постојано мешање растопуваме 100г. Шеќер во прав, се додека не добиеме сируп од шеќер. Кога ќе зоврие, вариме 1 мин. па додаваме малини кои ги грееме со постојано мешање. Готовите малини ги сервираме на тањир како подлога за панакотите.
