Убавина

Освежувачка маска со нане и краставица

Доколку вашата кожа има потреба од освежување, имаме за вас одлична маска за лице. Таа комбинира хидрирани својства на краставица и многубројните корисни својтва на нане.

Оваа маска е идеална за мрсна кожа, бидејќи го регулира производството на себум и дејствува против воспаленија и смирувачки. Исто така таа е многу ефикасна и кај акни.

Еве како да ја направите…

½ краставица

5 листови нане

Начин на подготовка:

Изрендајте ја краставицата, а лисјата од нане исечете ги многу ситно. Двете состојки измешајте ги добро. Нанесете ја добиената маска на лицето и почекајте 10-15 минути, за да делува. Благодарение на нането таа има релаксирачки и тонирачки ефект за целиот организам. Па опуштете се и вдишувајте го длабоко мирисот на билката. Конечно исплакнете ја маската со млака вода и нанесете го вашиот омилен крем.

Write A Comment