Девојки, знаеме дека е понеделник и најверојатно не сте во најдоброто расположение. Но токму затоа ја задржавме оваа вест за денес. Имено – послужете се со чоколадо и ќе го подобрите расположението и… ќе го стимулирате слабеењето.
Токму така, не сонувате! Со чоколадо се слабее. И тоа прилично слатко, нели? Се разбира, има некои трикови. Можете да уживате во вкусното искушение наутро. Според новото истражување, ако јадете чоколадо, како и други слатки работи во раните утрински часови, ќе започнете да топите килограми.
Ако, пак сакате да јадете чоколадо во текот на денот има начин! Изедете 100гр црна чоколада. Ова количество на ден го намалува апетитот кон солената и мрсна храна за 15%. Не е лошо, нели?
Па, ви посакуваме чоколаден ден!
