ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 чаша млеко
¾ чаша разладено еспресо
2 банани
50мл слатка павлака
1 лажица рендано чоколадо
Цимет
ПОДГОТОВКА:
За почеток испасирајте ги бананите. Потоа додадете ги сите останати состојки, измешајте и пасирајте повторно. И тоа е тоа! Сега можете да го сервирате шејкот, а за да биде соодветен за летото можете да додадете и мраз.
