Здраво тело

Домашни лекови за запушен нос

Една од најчестите, но и најдосадни болести е запушување на носот. Кога носот ви е запушен, вие посегнувате по различни лекови само за да се ослободите од тоа непријатно чувство и секрет од носот. Во продолжение погледнете неколку домашни лекови кои можат да ви помогнат во тоа…

Топол туш

Топлиот туш ќе ви помогне да се ослободите од запушување на носот. Исто така можете и само да ја вдишувате пареата од врелиот туш, за да го отпушите носот.

Сок од лајм

Сокот од лајм е одличен начин да го избегнете запушувањето на носот и да ја спречите дехидрацијата.

Зачинета храна

Конзумирањето на зачинета храна е одличен начин за деблокирање на вашиот нос. Лутата храна ќе направи секретот од носот да истече. Пиете многу вода во текот на оброкот, бидејќи вашиот нос добро ќе проработи.

Пареа

Пареата е најдобар начин да го отпушите носот. Земете еден сад со врела вода. Наведнете се над него и прекриете ја главата со крпа. Влагата и топлината од пареата ќе го отпушат вашиот нос и ќе го исфрлат секретот и токсините од телото.

Маслото од еукалиптус

Ова е уште еден добар лек за отпушување на носот. Неколку капки масло од еукалиптус во сад со врела вода и вдишувајте ја оваа смеса 10 минути. Носот ќе ви се отпуши истиот момент, иако постои можност многу да се потите.

Топла супа

Пилешката супа е одличен лек при запушен нос. Пилешката супа содржи цистеин, кој го ублажува задушувањето и испуштањето на секретот од носот.

Write A Comment