Во летниот период многу е важно да пиеме доволна количина течности. Водата и природните сокови од овошје и зеленчук вашето тело ќе го чуваат хидрирано. Денеска ќе ви прикажеме еден рецепт кој ќе ви помогне вашата кожа да изгледа блескаво…
За овој рецепт ќе ви бидат потребни следните состојки:
½ диња
1 лимон
½ ѓумбир
Лимонот е овошје богато цо витамин Ц, а освен тоа лимонот содржи уште многу антиоксиданси кои се заслужни за здрав изглед на вашата кожа. Дињата е богата со витамин К, омега-3 и омега6 масни киселини, фолна киселина, магнезиум, калиум, витамин Б6, итн.
Со оглед на сите овие состојки дињата го зголемува сјајот на вашето лице.
Ѓумбирот има антисептички својства. Тој ги убива бактериите кои ги создаваат акните. Ѓумбирот може да ви помогне да ги одстраните брчките, а освен тоа ја подобрува и циркулацијата.
