Здраво тело

Водата “мие” негативни емоции

Се докажа дека лошите спомени можат во буквална смисла да се измијат со вода. Едно неодамна спроведено истражување покажа дека миењето на главата, плакнењето на лицето и дури само миењето на рацете, помага да се избавиме од негативни емоции.

Миењето на рацете, туширањето и дури само мислата за тоа, може да помогне на човек да се ослободи од негативните емоции, лошите чуства, како и да го елиминира сомнежот во правилноста на својот избор – вели експертот Скајп Лиј од универзитетот во Мичиган. „Физичкото отстранување на нечистотијата создава претпоставка за отстранување и на менталната нечистотија.“ вели тој.

Интересно е да нагласиме дека во многу древни ритуали водата била употребувана како катализатор и дури современите психолози сметаат  и препорачуваат  миење на лицето  неколку пати во текот на денот, особено после преживување на нешто непријатно.

Write A Comment