Косата често знае да изгледа оштетено и суво иако користиме скапи препарати кои се наменети за нега на косата.
Обидете се косата да ја миете со детски шампон, кој е поблаг и дефинитивно не ја суши дополнително косата. Веднаш потоа откако ќе ја измиете косата замотајте ја во сува крпа.
Потоа целата коса измасирајте ја со мајонез, а особено посветете внимание на сувите врвови. Оставете нека делува 15 минути, а потоа измијте ја убаво косата со неутрален шампон.
Конечно косата ќе ви добие сјај и ќе изгледа здраво и негувано.
